Достапни линкови

logo-print

Битола стана дел од мрежата на УНЕСКО


Битола официјално стана членка на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, соопшти светската организација на ООН со седиште во Париз. Битола, стана член на мрежата на креативни градови со уште 46 други градови, со што нивниот број достигна 116 креативни градови од целиот свет. Битола е првиот град од Македонија кој станува член на оваа престижна мрежа лансирана во 2004 година. Мрежата има за цел да ја стимулира меѓународната соработка, посебно со другите градови членови на мрежата со што се истакнува креативноста да биде мотор на одржливиот урбан развој, социјалната инклузија и културното зрачење.

XS
SM
MD
LG