Достапни линкови

Грција и кредиторите постигнаа договор за пакетот реформи


Грчката Влада постигна договор со меѓународните кредитори за пакетот реформи, што се очекува да биде доставен денеска до парламентот. Реформите треба да бидат одобрени до 18 декември, за да може да биде деблокирана нова транша во вредност од една милијарда евра од кредитот за земјата. Едно од прашањата, што беше пречка на преговорите изминатата недела меѓу Грција и меѓународните кредитори, беше организацијата на приватизацискиот фонд, кој треба да работи со продажба на државните компании.

Несогласувањата во врска со приватизацискиот фонд се надминати. Решени се и несогласувањата за тоа како да се постапи со лошите кредити на грчките банки во вредност од над 56 милијарди евра. Од јануари банките ќе добијат дозвола да ги продаваат, изјави министерот за економија Јоргос Статакис.

XS
SM
MD
LG