Достапни линкови

logo-print

Договорот за справувањето со климатските промени обврзувачки


Француското претседателство на конфернецијата на ОН за климата денеска го претстави пред 195 земји учеснички финалниот нацрт на договорот за борба против климатските промени. Министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус изјави дека проектот за договорот е амбициозен, балансиран и законски обврзувачки.

„Стигнавме речиси до крајот на патот и веројатно до почетокот на друг пат“, изјави Фабиус на пленарната сесија.

Според Фабиус проектот предвидува ограничување на глобалното затоплување, и преглед на секои пет години на националните планови за ограничување на затоплувањето, а определен е и лимит од 100 милијарди долари финансирање за земјите во развој до 2020 година.

XS
SM
MD
LG