Достапни линкови

Уапсен руски опозициски политичар


Рускиот лидер на една од опозициските партии е приведен поради непријавен протест на празникот Денот на Уставот. Сергеј Митрокин беше уапсен на плоштадот Пушкин во Москва додека граѓански активисти маршираа за промени во општеството . Градските власти не им дозволија на граѓанските активисти да го спроведат планираниот марш.

Тие протестираат против претседателот Владимир Путин поради како што велат системското повредување на уставот и човековите права загарантирани со него, вклучувајќи ги и правото на слободен собир, право на демократски избори и право на слобода на изразување.

Денот на Уставот се прославува по референдумот во 1993 година кога беше усвоен сегашниот руски Устав.

XS
SM
MD
LG