Достапни линкови

Ноќна сеча на дрвја на УКИМ


Ноќна сеча на дрвја во кампусот на Универзитетот Свети Кирил и Методи

Ноќна сеча на дрвја во кампусот на Универзитетот Свети Кирил и Методи

Студентскиот пленум на својата Фејсбук страница утрово сподели фотографии од кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопјеб каде се гледа дека се исечени дрвјата во рамки на кампусот. Нивните претставници велат дека дрвјата биле исечени доцна во ноќта односно во 2 часот по полноќ за да се ослободи простор за изградба на барокни факултети.

Според најавите следната недела се очекува да се постави камен темелник за изграбата на новите барокни објекти на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура.

На социјалните мрежи студентите го осудуваат овој чекор, затоа што, како што велат, не сакаат барокен универзитет, туку квалитетна високо образовна институција.

Ставот на Студенсткиот пленум е дека е навреда и голема иронија да се градат барокни факултети со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факултетите за информатички науки во 21 век.

Пред две години во центарот на Скопје се изведе слична акција со сечење на дрвја длабоко во ноќта. Станува збор за паркот пред хотелот Бристол во кој жителите од околните згради кампуваа во знак на протест. По сечата на дрвјата на нивното место беше изградена барокна зграда.

XS
SM
MD
LG