Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Ирачката жалба пред ОН не е чесен чекор


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека поднесената жалба од ирачките власти до Советот за безбедност на ОН за распоредувањето на турски војници во близина на Мосул не е чесен чекор. Тој во интервју за телевизијата Ал Џезира изјави дека тие имаат право да се обратат до Советот за безбедност но не е чесно.

Багдад претходно побара од Советот на ОН да изврши притисок врз Турција за повлекување на војниците од камп во близина на контролираниот од „Исламска држава“ ирачки град Мосул. Ирачкиот претставник во ОН Мохамед Ал Алаким врачи писмо на американската амбасадорка Саманта Пауер во својство на претседател на Советот во на почетокот на декември за да го проследи до останатите 14 членови. Таа ја потврди позицијата на САД дека секое распоредување на војска во Ирак треба да биде во согласност со ирачката влада и повика за продолжување на дијалогот меѓу Ирак и Турција.

XS
SM
MD
LG