Достапни линкови

Талибанците одговорни за нападите во Кабул


Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот во авганистанскиот главен град Кабул. Според извештаите, Силна експлозија одекнала во центарот на градот проследена со пукотници од огнено оружје. Првичните информации покажуваат дека вооружена група нападнала објект во регионот Шерпоур, во близина на шпанската амбасада. Најмалку едно лице е повредено во нападот.

Шпанското министерство за надворешни работи соопшти дека нивната амбасада била нападната. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Седик Седики изјави дека експлозијата најверојатно била активирана од автомобил бомба.

XS
SM
MD
LG