Достапни линкови

Путин повика на силни мерки против заканите во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на војската и наредил да дејствува на најтежок можен начин против сите закани на нејзините припадници во Сирија. Според него, руските сили во Сирија треба веднаш да ги отстранат таквите закани.

Минатиот месец турската војска собори руски борбен авион во близина на границата со Сирија по што беа нарушени односите меѓу двете земји. Путин истакна и дека руската војска сега ги поддржува слободните сириски воени сили кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG