Достапни линкови

Тепачка во украинскиот парламент


Украинските пратеници од владејачката коалиција се степаа откако еден од нивните колеги се обиде да го отстрани премиерот Арсениј Јацењук од говорницата додека се обраќаше пред парламентот. Пратеникот Олех Барна од партијата на претседателот Петро Порошенко најпрвин се обиде на премиерот да му даде букет рози за потоа да го нападне по што изби тепачката. Поддршката за Јацњеук драстично падна во последната година поради тоа што неговата влада предложи мерки за штедење и други економски реформи.

XS
SM
MD
LG