Достапни линкови

logo-print

Убиени 4 лица во бомбашки напад во Авганистан


Во самоубиствен бомбашки напад во авганистанската источна покраина Нангахар загинале четири лица. Локалните власти соопштија дека инцидентот се случил кратко по апсењето на девет странски државјани кои зборувале руски јазик, меѓу кои имало и една жена и три деца. Жената која била меѓу уапсените го детонирала експлозивот, кој бил поставен на нејзиното тело, при што загинале трите деца и еден припадник на безбедносните сили. Истрагата е во тек за останатите членови на групата кои биле уапсени.

XS
SM
MD
LG