Достапни линкови

Русија со нови обвинувања за Ходорковски


Михаил Ходорковски

Михаил Ходорковски

Рускиот истражен комитет го обвини поранешниот нафтен тајкун и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски за организирање на две убиства и четири обиди за убиство. Портпаролот на Ходорковски ги нарече обвинувањата фарса. Новите обвинувања против него доаѓаат по два дена откако Ходорковски изјави дека револуцијата во Русија е неизбежна и неопходна. Ходорковски, кој сега живее во Европа изјави дека обвинувањата против него се нарачани од рускиот претседател Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG