Достапни линкови

Турција сака да го продолжи дијалогот со Русија


Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека неговата земја сака да го продолжи дијалогот со Русија. Тој ја повика Русија на смиреност, но и нагласи дека трпеливоста на Турција не е безгранична. Според него, сите признале дека Турција имала право да го собори рускиот борбен авион. Чавушоглу додаде дека по инцидентот телефонски разговарал со неговиот руски колега Сергеј Лавров, при што било потенцирано дека Русија не сака ескалација на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG