Достапни линкови

Германија издвоила 2 милиони евра за Македонија


Германската Амбасада во Скопје соопшти денеска дека земјата по заострувањето на бегалската криза од август до денес издвоила 2 милиони евра за поддршка на Македонија. Помошта, како што се наведува, се реализирала преку невладините организации, при што биле обезбедени храна, облека и хигиенски артикли за бегалците. Дел од средствата, според амбасадата биле искористени и за поддршка на локалните структури за справувањето со бегалскиот прилив.

XS
SM
MD
LG