Достапни линкови

Обама и Оланд посветени на спогодба за климата


Претседателите на Соединетите држави и на Франција Барак Обама и Франсоа Оланд изразија „решителна посветеност“ во соработката за постигнување амбициозна и одржлива спогодба за борбата против климатските промени. Во телефонскиот разговор тие го разгледале напредокот во преговорите на конференцијата во Париз за глобалната климатска спогодба, соопшти Белата куќа. Преговарачите во Париз работат на нацрт документ за намалување на глобалното затоплување, но тие остануваат поделени по некои клучни прашања. Рокот за завршување на конференцијата истекува денеска, но можно е тој да биде посметен.

XS
SM
MD
LG