Достапни линкови

Тензична прес конференција во Стејт департментот


портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби

портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби

Тензиите меѓу Москва и Вашингтон се покажаа и на вчерашната прес конференција во Вашингтон кога дојде до отворена кавга меѓу портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби и руската новинарка на телевизијата „Раша тудеј“ Гајана Чичакијан. Портпаролот Кирби ја обвини Чичакијан за поставување „апсолутно луди и смешни прашања“ во врска со кавгите меѓу Ирак и Турција околу турските трупи во северен Ирак. Новинарката претходно праша дали Вашингтон не бил одговорен за турската воена акција со оглед на тоа што Турција слични акции презела и во Сирија и во Ирак. „Не мислам дека треба да разговараме за ова повеќе. Можете да прашувате тука во САД што сакате. Но не гледам дека такви прашања и поставувате на вашата влада“, изјави Кирби.

XS
SM
MD
LG