Достапни линкови

logo-print

Ердоган: Нема повлекување на турските сили од Ирак


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема намера да ги повлече војниците од Ирак кои се таму во рамки на тренинг мисија за помош во борбата против милитантите на ИД. Турција има распоредено армиски сили близу Мосул од лани, но пристигнувањето на дополнителни сили во минатата недела предизвика тензии меѓу Багдад и Анкара. Ердоган нагласи дека армиските сили биле распоредени во 2014 година по барање на ирачката Влада. Турскиот претседател најави тристрана средба со учество на претставници од Турција, САД и автономниот регион на Ирачки Курдистан на 21 декември.

XS
SM
MD
LG