Достапни линкови

Повеќе сириски опозициски групи се за разговори со режимот


Повеќе сириски опозициски групи се согласија да се сретнат со владата во наредниот месец на разговори за политичко решавање на петгодишната граѓанска војна. По дводневните разговори спонзорирани од Саудиска Арабија, над 100 делегати, започнувајќи од секуларни политичари во Дамаск до екстремни исламистички бунтовници, се согласија на мировни преговори со владата на претседателот Башар ал Асад. Сепак, опозицијата поставила еден голем услов за нејзино учество на преговорите: Башар ал Асад и неговите соработници да ја напуштат владата во почетокот на транзицискиот период со цел да се организираат демократски избори. Вашингтон го поздрави договорот како важен чекор кон мир во Сирија.

XS
SM
MD
LG