Достапни линкови

Сириска бунтовничка група ги напушти преговорите


Исламистичката бунтовничка група Ахрар ал Шам се повлече од разговорите на сириските опозициски политичари кои имаат цел да се создаде заеднички фронт пред потенцијалните мировни преговори со претседателот Башар ал Асад. На дводневната конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад за прв пат се собраа повеќето бунтовнички групи откако започна конфликтот во Сирија.

На средбата не беа поканети огранокот на Ал Кадеа, фронтот Ал Нусра и сириските Курди. По завршувањето на разговорите опозицијата повика на демократска граѓанска држава со тоа што Асад ќе ја напушти функцијата во транзициониот период, а ќе се зачуваат државните институции.

XS
SM
MD
LG