Достапни линкови

Препукувања за дневниот ред на анкетната за прислушувањето


Собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето ја одложи за 16 декември денешната седница на која требаше да утврдат работни групи за посета на надлежните институции. Од ВМРО-ДПМНЕ ја заменија точката на дневен ред што предвидуваше сослушување на Мартин Протуѓер и вицепремиерот Зоран Ставрески. Од партијата обвинија и дека претседателот на Комисијата Петре Шилегов на своја рака ги закажува седниците и точките на дневен ред без да се консултира со другите членови.

Денешните случувања за Шилегов се обид да се побегне од вистината за случувањата со скандалот. Тој најави дека седниците продолжуваат согласно предвидениот план, а утре на сослушување го повика поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Во понеделник, освен премиерот Никола Груевски, предвидено е да сведочи и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

XS
SM
MD
LG