Достапни линкови

logo-print

Пронајдени тела на 4 мигранти во Егејското море


Телата на четворица мигранти, меѓу кои на едно дете, жена и двајца мажи, денеска се пронајдени во водите на Егејското Море, североисточно од грчкиот остров Фармакониси. Мигрантите загинале откако чамецот во кој се превезувале потонал вчера во близина на островот. Досега се спасени 26 мигранти, а пронајдени се телата на 16. Спасувачката операција за пронаоѓање на останатите исчезнати мигранти е во тек.

XS
SM
MD
LG