Достапни линкови

Русија негира етничко чистење во Сирија


Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Русија ги отфрли обвинувањата од Турција дека земјата спроведува етничко чистење во Сирија на противниците на режимот на претседателот Башар ал Асад. Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека тврдењата на Турција се неосновани.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера изјави дека Русија со воздушните напади во Сирија се обидува да изврши етничко чистење. Според него, Русија ги принудува Туркмените и сунитските муслимани да го напуштат регионот Латакиа со цел земјата да ги заштити своите воени интереси.

XS
SM
MD
LG