Достапни линкови

ЕУ ја одложи одлуката за санкциите врз Русија


Земјите членки на Европската унија ја одложија одлуката за обновување на економските санкции против Русија откако Италија побара дебата за ова прашање. Амбасадорите на 28 членки на вчерашниот состанок во Брисел се очекуваше без дебата да постигнат согласност за шест месечно продолжување на овие санкции чија важност истекува на крајот на идниот месец. Меѓутоа, Италија излезе со предлог дека за ова е неопходна согласност од лидерите на Унија кои во идната недела ќе се состанат во Брисел. Санкциите беа воведени по руската анексија на украинскиот полуостров Крим и поддршката на Москва на бунтовните во источна Украина.

XS
SM
MD
LG