Достапни линкови

Заврши полициската акција на преминот Идомени


Заврши десетчасовната операција на грчката полиција за отстранување на мигрантите, кои се наоѓаа во неутралната зона на границата меѓу Грција и Македонија, јавија грчките медиуми. Најмалку 2.300 луѓе, главно од Пакистан, Сомалија, Мароко, Алжир и Бангладеш, биле превезени со 45 автобуси до Атина. Акцијата, во која учествувале 350 полицајци, минала без инциденти, а повторно е воспоставен железничкиот сообраќај.

XS
SM
MD
LG