Достапни линкови

logo-print

Меѓународен ден на човековите права


По повод Меѓународниот ден на човековите права 10 – ти Декември, денот кога е усвоена универзалната Декларација за човековите права на ОН во 1948 година, Комисијата за заштита од дискриминација повикува на непречено остварување на човековите права и слободи и ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки за дискриминација со цел подигање на свеста за почитување на човековите права, принципите и дигнитетот на човекот кои му гарантираат сигурен и безбеден живот без насилство, омраза, непочитување и понижување. Меѓународниот ден на човековите права е посветен на цело годишната кампања на ОН по повод 50 - годишнината од донесувањето на Конвенциите за економски, социјални и културни права, како и Конвенцијата за граѓанските и политички права.

XS
SM
MD
LG