Достапни линкови

Турската војска во Ирак- акт на солидарност


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турција соопшти денеска дека распоредувањето на дополнителни војници во Ирак било акт на солидарност во борбата на земјата со милитантната група Исламската држава. Турција распореди војска во базата во близина на Мосул во минатата година во координација со ирачките власти. Но, Турција во минатата недела испрати дополнително војници во Ирак.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека војската е со цел да ги заштити останатите припадници на безбедносните сили, бидејќи е зголемена заканата од милитантната група во Ирак.

XS
SM
MD
LG