Достапни линкови

САД со помош за Ирак во офанзивата против ИД


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

САД соопштија дека се подготвени да и помогнат на ирачката армија со тоа што ќе и обезбедат поголем број на советници и воени хеликоптери во борбата против милитантите на Исламската држава. Ирачките сили остварија напредок во офанзивата против милитантната група во Рамади, при што ја преземаа контролата врз неколку населби на периферијата на градот во покраината Анбар.

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер изјави дека претстои тешка борба и по барање на Багдад, земјата е подготвена да да помогне да се заврши работата. Тој ја повика и Русија да се приклучи на правата страна во борбите.

XS
SM
MD
LG