Достапни линкови

Груевски и Нетанјаху потпишаа три договори за соработка


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски на денешната средба со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим потпиша Декларација за пријателство меѓу двете земји, Договор за одбегнување на двојното оданочување и Договор за промоција и заштита на инвестициите.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на премиерот, двајцата соговорници ги потврдиле одличните односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно пријателство и меѓусебно разбирање. Тие разговарале и за теми кои што се глобални предизвици, како што е борбата против тероризмот и мигрантската криза.

XS
SM
MD
LG