Достапни линкови

Русија ја стопира изградбата на нуклеарна централа во Турција


Русија наводно запрела со изградбата на турската нуклеарна централа во услови на нарушени односи меѓу двете земји. Турската војска собори руски борбен авион во близина на границата со Сирија на 24 ноември. По инцидентот Русија воведе економски санкции против Турција.

Претставници на турските власти соопштија дека руската компанија Росатом, која е во сопственост на државата не го прекинала договорот за изградба на нуклеарна централа во земјата и не би го направила тоа поради високите надоместоци кои ќе треба да ги исплати. Но, според нив, Турција бара други потенцијални кандидати за проектот вреден 20 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG