Достапни линкови

Приведени 10 мигранти во Идомени


Грчката полиција денеска притворила повеќе од 10 мигранти во Идомени за време на операцијата за расчистување на железничката пруга. Мигрантите ја блокираат железничката пруга, бидејќи не им е дозволен влез на македонска територија. Во меѓувреме, ирански државјанин, кој наводно бил избоден, е пренесен во болницата во Кукуш.

Околу 14 автобуси со мигранти заминале од Идомени кон Атина. Тампон зонатa меѓу Грција и Македонија е затворена и е забранет влезот за новинари и за претставници на невладини организации, со исклучок на претставници на УНХЦР.

XS
SM
MD
LG