Достапни линкови

logo-print

Груевски ќе се обрати пред Анкетната комисија на 14 декември


ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата и премиер на Владата на Република Македонија Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14 декември и ќе се обрати пред пратениците од Комисијата.

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето ги повика пред Комисијата да сведочат премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, поранешниот директор на ДБК Сашо Мијалков и шефот на кабинет на премиерот Мартин Протоѓер. Тие треба да ја информираат Комисијата кога во периодот од 9 до 15 декември ќе можат да сведочат.

XS
SM
MD
LG