Достапни линкови

Сè што е бесплатно, скапо ќе нè чини


Владимир Делов, граѓански активист.

Владимир Делов, граѓански активист.

Очигледно, она што. е „бесплатно“, многу ќе не чини. Платите на вработените се веќе намалени, автобусите под полна пареа возат кон се поголемо задолжување. Неодговорно би било да не се реагира за загрижувачката состојба затоа што неодговорноста е скапа, пишува Владимир Делов, граѓански активист во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.

Владата продолжува, спротивно на нејзината замислена улога да ни го подобрува животот, да го прави токму спротивното. Се чини, го прават тоа во што се најдобри – кога има одреден проблем, го влошуваат до точка на вриење, за потоа да се пофалат дека прават нешто добро.

Сите ние го плаќаме нивното поигрување со нас граѓаните, ги плаќаме нивните вработени, го плаќаме нивното „бесплатно возење“ и нивните 10 години дивеење.

Иако повеќето од нас, студентите бевме гневни што автобусите на ЈСП се пренатрупани и неефикасни, сега на нашиот праг ни е оставено „бесплатено“ колаче. Сега на студентите им е понудено „бесплатно“ да соучествуваат со владата во она што таа му го прави ЈСП – најголемиот загубар изминативе години! Веќе сме доведени во состојба во кое едно јавно добро е бесплатно, и поради тоа што е бесплатно, неговата употреба се злоупотребува што продуцира штети од невидени размери. Не можеме да ги користиме автобусите од пренатрупаност, приватните автобуси што чесно и мачно заработуваат ќе трпат штета. Дали знаете дека ЈСП е најголемиот загубар изминативе години? Очигледно, она што. е „бесплатно“, многу ќе не чини. Платите на вработените се веќе намалени, автобусите под полна пареа возат кон се поголемо задолжување. Неодговорно би било да не се реагира за загрижувачката состојба затоа што неодговорноста е скапа.

Решението е во соодветно намалување на цената на студентскиот билет – категорија која што најчесто не заработува и е на товар на своите родители. Дополнително, студентите кои што не доаѓаат од главниот град имаат поголеми трошоци на студирање што нивните родители навистина ги чувствуваат, па можеби треба да се размислува во насока за дополнително олеснување на оваа категорија студенти при наплатата на студентскиот месечен билет?

Јавниот превоз и добра од сличен карактер се добри за држава која има подолго чергиче на кое ќе може да си дозволи да си ги пружи нозете. Дополнително, ваквата политика треба да „помине“ на референдум како граѓаните би одлучиле за преференците при избор на јавни добра за кои самите плаќаат. Обезбедувањето на „бесплатен“ јавен превоз е возможно само при повисок стандард на живеење, затоа што државата парите за трошење ги црпи токму од граѓаните.

Во поголемата слика, бесплатниот превоз се совпаѓа во една друга намера на владата. Имено, тоа е градењето на нов факултет на местото на паркингот на УКИМ.
Што ќе им е паркинг на студентите кога можат „бесплатно” да го користат јавниот превоз? Ова ќе служи како аргумент кој што треба да го стиши гласот кој што ќе се бунтува против градењето врз веќе постоечкиот паркинг. Просторот ќе се загуши, УКИМ ќе се уништи (ќе го загуби паркингот, ќе се пренатрупа, ќе го наруши концептот), сите ќе ја платиме цената, двојно и повторно.

И за крај, она што лично најмногу ми пречи, и со огромна горчина го проследувам како се случува секојдневно е јавното финансирање на интересите на владеачката партија и нејзината гласачка машинерија. Сите ние го плаќаме нивното поигрување со нас граѓаните, ги плаќаме нивните вработени, го плаќаме нивното „бесплатно возење“ и нивните 10 години дивеење. Парите се веќе дадени во промашени инвестиции, секој од нас лично е презадолжен, па не ни треба дополнителен товар наметнат од државата. Тие ги користат нашите пари за да ги остваруваат своите соништа. Народните пари се нивен плен што ги одржуваат нивните кражби во живот, своите интереси на сцена – партиската машинерија во погон.

Колачето што ни го нудат во моментов, е слично со јаболката што вештерката и ја нуди на Снежана. Од некои грешки се учи. За грешки што скапо чинат, нема простор за реизбор. После 10 години промашено инвестирање во споменици во главниот град, “човекот” што се промовира со народни пари, мора да замине, таквата политика и практика мора да згасне. Во економијата не постои „бесплатен ручек“, во политиката сметката задоцнува, но секогаш пристигнува.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG