Достапни линкови

logo-print

Багдад: НАТО да бара повлекување на турските војници од Ирак


Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади побара од НАТО да ја убеди Турција под итно да ги повлече војниците од северен Ирак. „НАТО треба да го искористи влијанието и да ја повика Турција под итно да се повлече од ирачка територија“, изјави Абади по истекот на рокот од 48 часа, даден од ирачката Влада за Турција. Абади тоа го побара во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Претходно, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу рече дека Турција го прекинала распоредувањето на свои сили во северниот дел на Ирак, но нема да ги повлече оние кои веќе се наоѓаат таму.

XS
SM
MD
LG