Достапни линкови

Руски напад врз ИД од подморница на Медитеранот


Русија соопшти дека за прв пат извела напад врз цели на милитантите на Исламската држава во Сирија со ракети од подморницата „Ростов на Дон“ која се наоѓа на Медитеранот. За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу исто така изјави дека бомбардери од типот Ту 22 земале учество во нападите во изминативе три дена. Пентагон соопшти дека бил претходно информиран од Русија дека ќе изведе вакви напади во Сирија. На средбата со Шојгу, Путин побарал странски експерти да ја анализираат црната кутија од соборениот руски борбен авион од страна на Турција.

XS
SM
MD
LG