Достапни линкови

Дуплиран бројот на странски војници во Сирија


Во најновиот извештај на Соуфан, организација за разузнавачки прашања базирана во Њујорк, се наведува дека исламистичките групи како Исламската држава во изминативе 18 месеци го дуплирале бројот на странски борци во нивните редови во Сирија. Најмногу луѓе пристигнувале од арапските земји, но голем е бројот и на оние од Западна Европа и од земјите на поранешниот Советски сојуз. Најголема група борци имало од Тунис околу 6 илјади, по што следува Саудиска Арабија со две ипол илјади.

XS
SM
MD
LG