Достапни линкови

Русија загрижена за нападот на сириска воена база


Руските власти соопштија денеска дека се сериозно загрижени за бомбашкиот напад на сириска воена база. Сириските власти соопштија дека меѓународната коалиција предводена од САД е одговорна за нападот на базата во кој загинаа тројца сириски војници, а 13 беа повредени. САД ги негираа обвинувањата. Според руските власти, инцидентот се случил поради некоординираноста на меѓународната коалиција и сириските власти во нападите против милитантната група Исламска држава во земјата.

XS
SM
MD
LG