Достапни линкови

Уапсени двајца опозициски пратеници во Косово


Косовската полиција денеска ги привела опозициските пратеници Фатон Топали и Албулена Хаџиу од движењето Самоопределување. Тие се приведени под обвинение дека употребиле солзавец, јајца и бибер спреј за време на собраниска седница. Топали на социјалните мрежи објави дека е уапсен откако влегол во Парламентот за да ги исполни пратеничките обврски. Хаџиу била приведена во центарот на Приштина.

Претходно, беа уапсени и претседателката на парламентарна група на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Доника Кадај-Бујупи и основачот на Самоопределување Албин Курти.

XS
SM
MD
LG