Достапни линкови

Ирачките сили со офанзива во градот Рамади


Ирачките власти соопштија дека ја преземале контролата врз една населба во југозападниот дел на Рамади од милитантите на Исламската држава. Генералот Хади Ирзајиј изјави дека ирачките сили сега се подготвени да влезат и во центарот на градот. Милитантите го освоија Рамади, главниот град на покраината Анбар во мај со што им нанесоа голем удар на ирачките сили. Властите започнаа контраофанзива, но досега остварија мал напредок.

XS
SM
MD
LG