Достапни линкови

Талибанци нападнале аеродром во Авганистан


Талибанците извршиле напад на аеродром во авганистанскиот град Кандахар. Локалните власти соопштија дека тројца вооружени напаѓачи кои носеле самоубиствени елеци отвориле оган кон безбедносните сили. Се уште нема извештаи за повредени во нападот. Авганистанските сили ја преземаа контролата врз безбедноста на земјата во јануари по што се зголемија нападите на талибанците и другите екстремистички групи.

XS
SM
MD
LG