Достапни линкови

Сириски опозициски групи на средба во Саудиска Арабија


Сириски опозициски групи денеска ќе се сретнат во Саудиска Арабија со цел да пронајдат заедничка позиција пред потенцијалните мировни преговори со претседателот Башар ал Асад. На конференцијата во Ријад за прв пат ќе се сретнат поголемиот дел од бунтовничките групи откако започна конфликтот во Сирија пред четири ипол години. Огранокот на Ал Каеда, Ал Нусра фронтот и сириските Курди не се поканети на разговорите. Западните сили сакаат мировните преговори меѓу опозицијата и власта во Сирија да започнат во јануари.

XS
SM
MD
LG