Достапни линкови

ИД поголемиот дел од оружјето го украла од ирачката војска


Амнести Интернешнел соопшти денеска дека несовесната трговија со оружје во изминатите децении и слабата регулатива за приливот на оружје во Ирак придонеле за акумулација на голем арсенал на оружје од страна на милитантната група Исламска држава. Според извештајот, милитантната група го користи оружјето да извршува воени злосторства во Ирак и Сирија. Поголемиот дел од оружјето, како што е наведено, Исламската држава го украла од ирачката војска. Дел од оружјето било набавено и од сириските сили откако Исламската држава ја преземала контролата врз воена база во земјата.

XS
SM
MD
LG