Достапни линкови

Руски воени авиони во итни случаи ќе слетуваат на Кипар


Шефот на кипарската дипломатија Јанис Касулидес изјави дека неговата земја преговара со Русија околу договор со кој на руски воени авиони во итни случаи ќе им биде дозволено да ги користат аеродромите на Кипар. Договорот ќе биде сличен како и оној што важи за француските воени авиони, додаде тој. Кипар се наоѓа на околу 160 километри од брегот на Сирија. Британија веќе врши напади врз позиции на милитантите на ИД во Сирија и Ирак од базата на Кипар.

XS
SM
MD
LG