Достапни линкови

logo-print

САД: нападот врз сириски војници бил руски


Американски официјални претставници потврдија дека руски бомби, а не американски воздушни напади биле причина за загинувањето на неколкумина сириски владини војници во источниот дел на земјата. Сирија вчера ја обвини коалицијата предводена од Соединетите држави која се бори против милитантите на Исламската држава дека нападнала касарна на сириската војска. „Русија изврши напади со ракети со долг дострел“, изјави неименуван американски претставник, додавајќи дека Вашингтон не е во војна со режимот на Асад.

XS
SM
MD
LG