Достапни линкови

Груевски: ќе се спротивставиме на сите кои го заплашуваат народот


„Народот мора да се почитува. Народот не постои заради политичарите, туку ние постоиме заради народот, затоа што народот така одбрал и така решил“, порача премиерот Никола Груевски во обраќањето на синоќешната свечена академија по повод денешниот црковно државен празник Свети Климент Охридски. „Затоа секаков облик за заплашување на народот, како што го прават нашите политички конкуренти е неприфатливо, и политичката гарнитура која јас ја предводам секогаш и секаде силно и решително ќе се спротивстави на овие однесувања кои ги прават некои поединци и групи, потенцира Груевски, додавајќи: Не сакам на овој празник да се конфронтирам, додаде, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам“. Груевски додаде дека Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици. Затоа, како што рече, демографијата и наталитетот, се апсолутно меѓу највисоките приоритети, меѓу најважните прашања за сегашноста и иднината на државата. Груевски нагласи дека избори мора да има и оти ДИК мора да работи според законот, а не политичарите. Тој најави бесплатен превоз за студентите.

XS
SM
MD
LG