Достапни линкови

Вучиќ го менува министерот за одбрана


Братислав Гашиќ

Братислав Гашиќ

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека министерот за одбрана Братислав Гашиќ не може повеќе да ја извршува функцијата. Според него, за она што го направи Гашиќ не може да се најде извинување, ниту оправдување. Вучиќ истакна дека извинувањето за навредата кон една новинарка од земјата не е доволно. Тој додаде дека нема да се толерираат навреди со сексуална конотација кон жените. Гашиќ за време на изјвата за медиумите прокоментира дека сака новинарки кои лесно клекнуваат.

XS
SM
MD
LG