Достапни линкови

САД со помош од 190 милиони долари за Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави денеска дека неговата земја ќе обезбеди 190 милиони долари помош за Украина за спроведување на реформите. Говорејќи по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев, тој го повика раководството на земјата да продолжи на реформскиот пат и да ја зајакне борбата против корупцијата. Според него, она што ќе се случи во наредната година најверојатно ќе ја одреди судбината на Украина за наредните генерации. Бајден нагласи и дека САД нема никогаш да ја прифатат руската анексија на полуостровот Крим.

XS
SM
MD
LG