Достапни линкови

Рускиот амбасадор повикан во турското МНР


Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов денеска бил повикан во турското министерство за надворешни работи во врска со тврдењето дека руски војник држел рачен фрлач на рамо додека неговиот брод минувал низ Босфорот. Турските медиуми вчера објавија фотографии со војникот.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу го нарече инцидентот провокација. Според договорот од 1923 година Турција мора им дозволи премин на сите бродови кои минуваат низ Босфорот за време на мир. Односите меѓу Турција и Русија се влошија откако на 24 ноември турските сили соборија руски воен авион.

XS
SM
MD
LG