Достапни линкови

logo-print

Пронајдени шест тела од пожарот во Азербејџан


Азербејџанските власти соопштија дека биле пронајдени уште шест тела на жртвите од пожарот која зафати нафтена платформа на Каспиското море. Пожарникарите неколку дена по ред се обидуваат да ја смират огнената стухија. Властите соопштија дека 32 лица загинале во несреќата. Досега биле пронајдени тела на 8 лица, а спасувачките тимови се во потрага по останатите. Нафтената платформа на 120 километри од брегот на Азербејџан ја зафати пожар по бурата на 4 декември.

XS
SM
MD
LG