Достапни линкови

Фер избори не зависат само од министрите од СДСМ


Кадарот на СДСМ во владата не е гарант за регуларни избори напролет. Тоа зависи и од други прашања содржани во Договорот од Пржино. Но после Нова Година нивната улога ќе јакне.

Задачата на министрите и замениците од СДСМ е да бидат контролори на целиот процес и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните, најави веднаш по изгласувањето на преодната влада партискиот претседател Зоран Заев. Речиси еден месец откако, според договорот од Пржино, СДСМ почна да ги раководи Mинистерствата за внатрешни работи и за труд и социјала, а доби свои заменици и во финансии, администрација и информатичко општество и во земјоделство останува нејасно дали е можно тоа и да се случи до април.

Како ќе се наближува периодот кон избори така ќе слабее нивната моќ на влијание кон новите министри затоа што ќе почнат активностите на Специјалното јавно обвинителство, потоа се надевам дека наскоро ќе се формира Државната изборна комисија, премиерот по Нова година ќе поднесе оставка и сето тоа оди во прилог на јакнење на улогата на институциите и партиите.

Според професор Никола Дујовски регуларните, фер и демократски избори не зависат само од вклучените опозиционери во владата, туку и од исполнувањето на другите прашања предвидени во документите од Пржино. Засега наведува тој, имало отпор кон нивната работа пред се од министрите и замениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како ќе се наближува периодот кон избори така ќе слабее нивната моќ на влијание кон новите министри затоа што ќе почнат активностите на Специјалното јавно обвинителство, потоа се надевам дека наскоро ќе се формира Државната изборна комисија, премиерот по Нова година ќе поднесе оставка и сето тоа оди во прилог на јакнење на улогата на институциите и партиите што треба да бидат носители на процесот за организација на фер и демократски избори“, вели Дујовски.

Во овој речиси еден месец од работата на замениците и министрите силно одекна обидот за стопирање на новите задолжувања на домашен пазар на заменик министерот во финансии Кире Наумов кој накрај не беше успешен, оти ДИК го отфрли. Деновиве и заменикот во земјоделство, Љупчо Николовски до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за наводни малверзации направени со доделувањето на државното земјоделско земјиште од страна на функционер од ВМРО-ДПМНЕ.

Според аналитичарот Алајдин Демири сепак до изборите останува време за да може да се осигура добар гласачки процес особено како што вели преку Министерството за внатрешни работи.

„Сега Спасовски треба да го докаже обвинението за фалсификување на личните карти . Министерството за внатрешни работи е столбот на оваа влада и јас мислам дека има доволно време да се деконструираат некои работи особено во Министерството за внатрешни работи“, вели Демири.

Според договорот од Пржино, следна е оставката од премиерската функција на Груевски за да се овозможи инаугурација на новата влада на 15 јануари.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG