Достапни линкови

Ирак бара повлекување на турската војска


Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачките власти и дадоа рок на Турција до утре да ја повлече својата војска од северниот дел на земјата. Тие ја предупредуваат Турција дека ќе побараат од Советот за безбедност на ОН да преземе мерки доколку војската не биде повлечена.

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади изјави дека турската војска влегла во земјата без дозвола. Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Анкара ја испратила војската во близина на ирачкиот град Мосул со цел да ги заштити турските војници кои веќе биле таму распоредени.

XS
SM
MD
LG