Достапни линкови

САД негираат напади врз воена база во Сирија


Претставникот на американскиот претседател Барак Обама, Брет Мекгурк за меѓународната коалиција.

Претставникот на американскиот претседател Барак Обама, Брет Мекгурк за меѓународната коалиција.

Претставникот на американскиот претседател Барак Обама, Брет Мекгурк изјави денеска дека меѓународната коалиција не спровела напади врз воен камп во Сирија, ниту во околината. Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад претходно ја обвини меѓународната коалиција предводена од САД за спроведување на воздушни напади врз кампот при што загинале тројца војници, а 13 биле повредени. Владата испратила и протест до ОН за нападите во кои биле уништени и вооружени возила, тешко оружје и депо за муниција. Портпаролот на меѓународната коалиција, полковникот Стив Ворен исто така ги негираше обвинувањата.

XS
SM
MD
LG